Zorka

post-header
Блог

Последната книга што ја прочитав: “Жената не е маж”- Итаф Рам

Жената не е маж од Етаф Рум е неверојатно патување во животите на Американско- Палестинско семејство каде застарената традиција и културните норми ве навредуваат со секоја свртена страница.
Книгата го следи патувањето на три жени Исра, нејзината ќерка Деја и Фарида.

Седумнаесетгодишната Исра повеќе сака да чита отколку со сведнат поглед да ги служи просците што татко ѝ ги пречекува сакајќи да ја омажи. Брзо како насон, но многу различно од нејзините соништа, таа за една недела од мечтателка станува жена и заминува за Бруклин. Таму започнуваат маките на Исра, која се труди да ги исполни очекувањата на свекрвата и на сопругот Адам, со надеж дека ќе ја засакаат.
„Жената не е маж“ е приказна за традицијата, честа, тајните и предавството, љубовта и насилството. Таа е интимен поглед во строгиот и затворен свет на арапската жена, универзална вистина за семејството и начинот на кој замолчувањето и срамот може да ги уништи кревките души што треба да бидат заштитени.
Оваа книга е за Палестина, за Арапките, за напуштање на домот, за губење на најблиските.
Исто така, станува збор за луѓе кои злоупотребувале и луѓе кои биле малтретирани.
Или да потенцирам мажи што малтретирале и жени што биле малтретирани.
Оваа книга зборува за генерација на жени со ист избор пред себе, односно да немаат воопшто избор. Жени кои не биле третирани како луѓе, жени кои никогаш навистина не припаѓале, кои никогаш навистина немале дом кој бил нивен.
Единствениот здив на олеснување доаѓа кога овие жени ќе решат да ги променат своите судбини пркосејќи му на светот подготвен за нив од мажите и на културата што тие се обидуваат да ја наметнат и заштитат.
Со поставување прашања, со преминување безвредни граници, а уште повеќе со зборување и барање на одамна задоцнета почит, достоинство и авторитет.
Книгата можете да ја купите овде:
Бараш предлог книги? Провери на линкот: Книгите што ги читав во 2021 (дел 1)
Previous post
Next post
Related Posts
Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *