Сите знаеме дека денот понекогаш не е доволно долг. 24 часа изгледаат истовремено предолго, но и прекратко ако си во трка со времето. Особено кога имаш семејство (со повеќе деца), обврски на работното место што те следат и дома и хаос моменти што изгледаат како никогаш да не завршуваат.
Добрата вест?
Со неколку едноставни трикови (кои навистина функционираат во нашиот дом) а со кои можеш да си подариш барем еден час повеќе на ден и да го искористиш истиот за себе!
- ПОСТАВИ „СТАНИЦИ“ ЗА СЕКОЈДНЕВНИ ПРЕДМЕТИ
Клучевите, чантите, школските ранец, патики – оставај ги секогаш на исто место. Нема да веруваш колку време се губи додека ги бараш (ако ги собереш тие панични моменти). Една мала табличка, кутија или закачалка може да ти спаси дури 10–15 минути само наутро.
- „ПЛАНЕР НА ВИДЛИВО МЕСТО“
Стави го дневниот/неделниот планер во кујната или дневната. Не само што одвреме- навреме ќе се потсетиш на обврските, туку и целото семејство ќе знае што следи. Брзо проверување на списокот за денот штеди непотребни прашања и повторувања.
- ПОДГОТВИ „ОБРОЦИ НА БРЗИНА“
Не треба секогаш да готвиш комплетен ручек. Подготви појадоци и вечери што можат да се комбинираат или замрзнуваат. 15 минути планирање од вечерта може да ти заштеди цел час наутро.
- „10-МИНУТНО ЧИСТЕЊЕ“ НА СЕКОЈ ВТОР ЧАС ВО ДЕНОТ
Постави аларм на телефонот и земи 10 минути за брзо средување – играчки, садови, крпи. Ако чекаш да се собере хаосот, ќе ти одземе многу повеќе време.
- ПРАВИЛО „ЕДЕН ДОПИР“
Сè што ќе допреш, решавај го веднаш – поради тоа нема да се собираат задачи. Сметки? Сортирај ги веднаш. Пребришување на маса? Веднаш забриши ја. Овој мал трик може да ти заштеди по 10-15 минути дневно.
- ПОДЕЛИ ОБВРСКИ
Вклучи го активно партнерот или поголемите деца. Дури и мали задачи, како фрлање на ѓубрето, спарување на чорапите или собирање на сувите алишта, кога се споделени, значат помал стрес и повеќе време за тебе. Од друга страна, децата можеби на почетокот ќе негодуваат ако досега немале обврски, но долготрајно ќе научат за одговорности и ќе им биде драго што се важни и потребни во домот.
- „ПРОВЕРКА ОДВЕЧЕР“
Секоја вечер, одвој 15 минути да се подготвиш за следниот ден – облека, чанти, ужина. Тоа ќе ти го скрати утрото за барем 20 до 30 минути. И многу нервоза!
Со овие мали трикови, еден час дневно повторно станува само твој – за кафе во тишина, кратко читање на неколку страници од актуелната книга или просто да здивнеш. И верувај ми, кога ќе почнеш да ги применуваш, ќе се чудиш како мене, како ли порано преживував без нив.
Сакаш повеќе вакви трикови? Провери го мојот забавен e-book, кој го подготвив само за тебе!

