Оние кои ме познаваат, знаат дека есента ми е омилено годишно време. Постои нешто магично во дождливите ноќи, ниските температури и во удобните џемпери што ги влечам секоја година. За мене, создавањето на уникатен есенски дом е клучот за да уживам во ова прекрасно време од годината.
Есента е период кога градината ни подарува изобилство од род! Тикви, есенски листови, пченка – сето тоа е во својата најубава доба, и токму затоа честопати се користи како инспирација за есенската декорација.
Најважниот чекор во декорирањето за било кое годишно време е чистењето и намалувањето на непотребните работи. Додавање нови декорации врз веќе преполн простор често создава хаос.
Земи си време да ги отстраниш работите што не ти се потребни и да го редуцираш она што не го користиш. Чистиот и организиран простор ќе ја нагласи убавината на твоите есенски декорации и ќе внесе мирис на есен во секој агол од домот.
Осветлувањето често се потценува, но е клучно за есенски топол и мек дом. Како што деновите стануваат пократки, вечерите нудат совршена прилика за меко светло. Столни ламби, свеќи или декоративни сијалички се идеални за топла и пријатна атмосфера. Силното бело осветлување е премногу остро – инвестирај во лампи со ефект на пригушено светло.
Букет од есенски листови – Направи си мал букет од шарени есенски листови, испрскај ги со лак за коса за да траат подолго и постави ги во вазна на некое место во домот. Веднаш ќе внесе топлина и боја во просторот.
Симпатични есенски декорации – Купи си есенски украси со натписи како „Welcome Fall“ или „Happy Autumn“, или пак создај свои уникатни декорации. Малите детали прават голема разлика и го прават домот поинтересен.
Внеси боја во домот – Размисли да ги смениш прекривките или навлаките за перници, а ако сакаш – и завесите. Дури можеш да додадеш и нови прекривки за масата. Со овие мали промени, домот ќе добие веднаш свеж и есенски изглед без големи инвестиции.
Уживај во топли напивки – чај, кафе или рецепти со тиква, или пак измисли свои комбинации.
Запали миризливи стапчиња или свеќи со ароми на цимет, чоколадо или јаболко.
Стуткај се под мекото ќебенце и потони во одлична ТВ серија или во книгата што одамна те чека на полицата. Овие мали моменти го прават есенскиот дом навистина магичен.

