By using this site, you agree to the Privacy Policy and Terms of Use.
Accept
  • Подкастот на Зорка
  • ТикТак и Зорка
  • Труднички муабети
NEWSLETTER
Zorka
  • Дома
  • Е-books
    • Како да го организираш денот без да се изгубиш во него?
  • Читај Нешто
    БлогКниги

    Книгата на Др. Спок, “Прирачник за родители- Грижа за бебиња и деца”

    Мојата задача, беше да се приближи неговото дело и работа…

    Writen by 1nf3rn0
    April 1, 2024
    Животни искрени моменти

    Жената која се извини на себе

    Извини си на себе, врати се кај жената што ја…

    Writen by Zorka
    October 17, 2025
    БлогТруднички муабети

    Кажи „ќе бидеш баба/тетка“ на уникатен начин!

    Кога веста се соопштува на креативен и уникатен начин, реакциите…

    Writen by 1nf3rn0
    March 2, 2025
    БлогХаос и организација

    25-ти час во денот – трикови за организација дома

    Со неколку едноставни трикови (кои навистина функционираат во нашиот дом)…

    Writen by Zorka
    September 7, 2025
    БлогСемејство & Мајчинство

    8 лекции кои ги научив со доаѓањето на второто (третото) дете

    Можеби ќе треба да направите промени во домот (простор, креветчиња,…

    Writen by 1nf3rn0
    November 25, 2024
  • За Мене
  • Контакт
Reading: Вториот живот на твоите алишта: како да ги подариш со љубов?
Share
ZorkaZorka
Font ResizerAa
  • Дома
  • Е-books
  • Читај Нешто
  • За Мене
  • Контакт
  • Дома
  • Е-books
    • Како да го организираш денот без да се изгубиш во него?
  • Читај Нешто
  • За Мене
  • Контакт
Follow US
© Copyright 2025 Zorka.mk
БлогХаос и организација

Вториот живот на твоите алишта: како да ги подариш со љубов?

Твоите стари алишта можат да донесат радост на некого друг. Дари им втор живот и направи простор за нови омилени парчиња во својот плакар

Written by: Zorka
Last updated: October 2, 2025
Share
Клучни моменти
  • Вториот живот на алиштата: Како твоите стари парчиња можат да донесат радост и корист на другите.
  • Подарувај со почит: Совети за тоа што да се подари, како да се спакува и кому да се понуди облеката.
  • Практични чекори: Разграничи подарување од позајмување и направи го процесот едноставен, љубезен и свесен.

Со менувањето на сезоната, доаѓа и моментот да ја смениме гардеробата – од летна во есенска. При сортирањето на алиштата, секогаш имам јасни критериуми: она што не сум го носела подолго време (повеќе од 2 години) оди во категорија на „втор живот“. Секогаш постои причина зошто не сум ги облекла – тесни се, не ми стојат убаво, не ме претставуваат веќе.

Овој процес не е само за ослободување простор, туку и за да им се даде шанса на тие алишта да донесат радост и корист на некој друг.

Што не се подарува?

Важно е претходно да се одреди која облека веќе не ни служи. Иако нема формално правило, има категории кои не се погодни за донирање: долна облека, чорапи, обувки (поради различното ниво на удобност и облик на нозете), хулахопки, костими за капење или премногу изветвена облека.
Објаснување: Причината е едноставна – не се практични за донирање и можат да предизвикаат непријатност или непотребни проблеми кај примателот. Подарувањето треба да носи радост, а не компликации.

Прво правило: квалитет и состојба на облеката

Секогаш, облеката која ја подаруваш треба да биде исчистена, без флеки, во одлична состојба и убаво да мириса.
Објаснување: Со тоа покажуваш почит кон примателот и кон самата облека. Облеката која е неуредна или валкана, иако не ти служи повеќе, испраќа сигнал дека „не вреди“, а тоа ja намалува радоста и практичната корист на нејзината вредност. Плус е страшно некултурно!

Второ правило: прашај пред да подариш

Прашај нежно и крајно внимателно дали личноста која ја имаш на ум, би сакала да ја земе облеката. Не секој го цени истиот стил, големина или боја, а некои луѓе не сакаат веќе носена облека. Ако одбие, не се навредувај – тоа е во ред.
Објаснување: Ова е прашање на уважување и почит кон изборот на другата личност. Подарувањето не смее да биде наметнато, туку да биде љубезен и свесен гест.

Пакување

Облеката секогаш треба да биде убаво спакувана. Не е важно дали користиш ќеси, кутии или хартија – важно е да изгледа внимателно спакувано.
Објаснување: Дури и кога се разделуваш со нешто што повеќе не ти служи, тоа заслужува почит. Добро спакувана облека за подарување создава чувство на внимание и љубезност кај другата личност, а не дека едвај си чекала да се ослободиш од нешто.

Доставување на облеката

Фер е да се понудиш да ја однесеш облеката лично до примателот. Ти си таа што предложи да подариш, па е во ред да ја предадеш со внимание.
Објаснување: Личното предавање носи топлина и почит – го прави чинот на подарување поинтимен и пријатен за обете страни.

Зошто е добро да подаруваш облека?

Подарувањето на облека е начин да се ослободи простор, да се даде втор живот на парчињата што не се носат, а истовремено да се направи добрина за некој друг. Тоа е свесен, еколошки и хуман гест кој ги спојува практичното со доброто чувство. Тоа не значи дека на другиот крајно му треба или е зависен од твојот подарок. Тоа значи дека облеката е доволно сочувана да живее втор живот кај друга личност и дека доволно ја ценам личноста на кој а и давам дел од она кое со љубов и радост сум си го купила себеси, но вреето, килажата, условите и себеперцепцијата е сосема во ред да се промени од година на година. Тоа не значи дека совршено сочувана облека треба да заврши во канта.

Што е нефер однос при подарување

Не е фер да диктираш кој мора да носи облека или што се прави со неа потоа. Исто така, важно е да разграничиш:

  • Подаруваш: облеката е за примателот, не се очекува враќање, ниту се поставува правила, што со облеката откако ќе ја предадеш.

  • Позајмуваш: очекуваш да биде вратена. И го потенцираш истото на самиот почеток!

Објаснување: Ако се подарува, твојата работа завршува со чинот на примопредавање!

Не е фер да наметнуваш услови или очекувања по предавањето. Разграничи јасно сама со себе дали подаруваш или позајмуваш.

TAGGED:втор животгардероберобекаорганизацијаподарувањесезона
Share This Article
Facebook Email Print
Previous Article Есенска организација на гардероберот
Next Article Жената која се извини на себе
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најнови

Ново

Како да го преживееш (и плус да уживаш) во секојдневниот хаос?

Последната книга што ја прочитав: “Жената не е маж”- Итаф Рам

10 минутни навики кои ми го менуваат расположението (и денот)

25-ти час во денот – трикови за организација дома

You Might Also Like

БлогЖивотни искрени моменти

Миленијалците: генерацијата помеѓу два света

Израснати во еден свет, созреани во друг

Writen by Zorka
February 13, 2026
БлогЖивотни искрени моментиСемејство & Мајчинство

Ладно кафе и топли прегратки

Малку хаос, многу љубов и едно заборавено кафе.

Writen by Zorka
February 6, 2026
Животни искрени моменти

30 изговори што те кочат да живееш живот на максимум

(и 30 реални начини како да им кажеш: доста…

Writen by Zorka
January 23, 2026
Животни искрени моменти

Лекциите што ги научив во годината што помина

Лекции што дојдоа кога бев подготвена да слушам

Writen by Zorka
January 2, 2026
© Copyright 2025 Zorka.mk
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?