Во оваа епизода, посветена на најубавата љубовна врска меѓу мајката и новороденото бебе, на тема доење, не само како исхрана, туку и како покажување на љубов, зборувам со Наташа Цветановска Тодосовска, специјалист за доење, која може да се пофали со преку 190 часови специфична лактациска едукација и над 600 часови поминати во работа со семејства во последните две години. Наташа ја познавате преку профилот преку кој споделува знаење и нуди помош на оваа тема во вид на информации, курсеви, постови, а го носи името @doenje_so_ljubov.
Колку една мајка треба да знае или знае за процесот на доење, кои се најчестите предизвици со кои една жена се соочува додека дои, и каков вид на поддршка ни е потребен додека доиме, се само дел од прашањата чии одговор може да го преслушате во оваа епизода.