Епизода број 13 е резервирана за една многу важна тема која ја разговаравме со Др. Бојан Ангеловски, стоматолог, специјалист по детска и превентивна стоматологија, ни даде многу совети за грижата на забите во бременоста, но и неколку насоки околу грижата на запчињата кај бебињата, па да имаме важни информации со кои би ја стартувале грижата за оралното здравје. Дали секоја бременост ја чини трудницата по еден заб? И смееме ли да правиме ренген снимка во бременоста? Кога е време за првиот стоматолошки преглед на бебето и дали цуцлите лажливки се штетни или корисни?
Разговор кој ќе сакате да го преслушате неколкупати или да го препратите на најблиските пријателки.