Пред да станам мајка, мислев дека „рутина“ значи утринско кафе, прелистување вести и мирен почеток на денот или длабинско чистење на лицето пред да насесеш шминка.
Слатка заблуда!
Денес, мојата рутина личи повеќе на маратон со пречки – со бебе в раце, дете што вика „мамааа, гладен сум“ и некаде во позадина – мистериозен звук на нешто што штотуку паднало (но уште не знам што).
Сигурно се прашувате зошто баш јас ви пишувам за организација – мајка и маќеа со три деца (тинејџер, првоодделенец и бебе помало од една година), куче, зафатен сопруг, милион обврски дома, официјална работа, плус бизнис, дополнителни ангажмани, подкаст, активни профили на социјалните мрежи и уште мнооогу други задачи?
Баш затоа!
Затоа што постојано истражувам трикови и начини што ми помагаат да завршам сè (иако скоро никогаш не е возможно тоа), а притоа да не се изгубам себеси или да прегорам.
Преземи го мојот eBook бесплатно тука!
Ако испробаш нешто од водичот – и ти помогне, ако ти го олесни утрото, или ако некоја рутина ти стане омилен дел од денот – ПИШИ МИ!
Сподели ми ги твоите успеси, мајчински финти, па дури и смешните моменти кога нешто тргнало наопаку
(зашто знаеме дека и тоа се случува).