Zorka

post-header
Блог

Книгата на Др. Спок, “Прирачник за родители- Грижа за бебиња и деца”

Тотално ги разбирам луѓето кога ќе ми замерат, дека одвреме навреме знае да ме снема.
Но разберете ме и Вие мене, дека, мене ме исполнува работата.
Една таква задача, ми беше доделена минатата година, кога тимот на Книготека Икона ме покани да работам на проектот за книгата на Др. Спок, “Прирачник за родители- Грижа за бебиња и деца”.

Нема да ве излажам ако ви речам дека истовремено бев и исплашена и горда на себе, за новата дадена улога, особено што се работи за книга на еден светски познат и признат педијатар- др. Спок.

Мојата задача, беше да се приближи неговото дело и работа до Вас, и се надевам дека ја сработив работата квалитетно и до крај, а за тоа ќе пресудите вие, откако ќе прочитате.
Со многу љубов и посветеност ја едитирав и уредив целата книга, со помош на тимот на Икона.
Сега книгата е достапна за сите вас, или за оние кои наскоро ќе се соочат со најубавата улога во животот, може да ја нарачате на https://ikona.mk/shop/grizha-za-bebi-a-i-deca-od-d-r-spok/

Еве 5 причини поради кои сум сигурна дека Прирачникот за родители е добра идеја да биде покрај вас во периодот пред тебе:

1. Ќе изградиш самодоверба и сигурност во воспитувањето на детето: Прирачникот за родители нуди информации, совети и структурирани пристапи. Со добивање на одговори на многу прашања, го засилуваш родителскиот инстинкт и ги подобруваш твоите вештини за воспитување.

2. Ќе добиеш информации за бременоста и родителството: Прирачникот за родители ги нуди скоро сите потребна информации за бременоста, од храната и вежбањето до промените на телото и психолошките аспекти па се до првата година на бебето.

3. Ќе ја разбереш детската психологија и развојот: Прирачникот за родители ги објаснува основите на детската психологија и развојот, што  ти помага да ги разбереш физичките, когнитивните и емоционалните потреби на детето.

4. Ќе научиш за предностите на доењето: Прирачникот за родители нуди информации и совети за доењето, што е природен начин за хранење на твоето бебе. Тоа ја подобрува врската меѓу вас, го заштитува здравјето на бебето и им помага на родителите да се чувствуваат удобно и сигурно со хранењето.

5. Ќе се справиш полесно со предизвиците на родителството: вклучувајќи организирање на работата и времето, комуникацијата со партнерот, критиките и советите од околината, но и грижа за вас самите.

Имајќи го прирачникот за родители, ќе се чувствувате подготвени, информирани и поддржани во секој аспект на воспитувањето на вашето дете. Во продолжение, погледнете ги двете гостувања на тема Прирачникот за Родителство.

Previous post
Next post
Related Posts
Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *